„Граѓаните имаат право на информации од јавен карактер“

03.12.2021

Граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари преку буџетите на институциите, како и да добијат други податоци од различни иматели на информации. Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер реагира секогаш кога бараните информации институциите не ги доставуваат.

„Во Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од  јавен карактер годишно стасуваат околу 800 жалби поради недавање информации од јавен интерес и молчење на администрацијата. Причината за тоа е немање свест кај раководните структури и службите на сите нивоа во администрацијата“, изјави директорката на Агенцијата, Пламенка Бојчеваво утринското гостување во емисијата „Утрински брифинг“.