АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВОТО НА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР УСПЕШНО СПРОВЕДУВА РЕОРГАНИЗАЦИЈА НА ИЗВРШУВАЊЕ НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ

15.02.2022

Агенцијата за заштита на правото на слободен приста до информациите од јавен карактер информира дека спроведе успешна реорганизација во спроведување на работните задачи и обврски, со цел подигнување на квалитетот на услугите кои Агенцијата им ги дава на барателите и на имателите на информации од јавен карактер.

Имено, успешно се спроведе постапка за сертифицирање на системот за менаџмент со квалитет согласно со: барањата на стандардот MKC EN ISO 9001:2015.

Воедно, реорганизацијата продолжува, затоа што процедурите по кои се делува при давање на услугите кои се во надлежност на Агенцијата се третираат како жива материја, која е потребно тековно да се контролира, усогласува и подобрува во правец на поквалитетна и побрза услуга.

За таа цел, Агенцијата ги замолува барателите и имателите на информации од јавен карактер да ги забележуваат своите впечатоци, забелешки, коментари, предлози и слично преку електорнската адреса на Агенцијата: aspi@aspi.mk.