ИПА 2017
Во ноември 2019 година, отпочна ИПА 2 проектот, финансиран од ЕУ „Промоција на транспарентност и отчетност на јавната администрација во Република Северна Македонија“ (ЕУП/139891/DH/SER/MK), IPA 2 EU Funded Project (“Promoting Transparency and Accountability in Public Administration of North Macedonia, referred to as ProTracco (Public Reference Europe Aid/139891/DH/SER/MK)).
Агенцијата е вториот директен корисник на активности содржани во Kомпонента 2: Поддршка на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Компонентата 2, меѓу другото, ги содржи следните активности:
– Поддршка за институционална подготовка на регулативи за креирање политики, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер;
– Надградба на капацитетот и компетенциите на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, преку подготовка на интерни документи, функционална анализа и систематизација и останати стратешки документи, како и развој на Стратегија за слободен пристап до информации од јавен карактер 2021 – 2025 година со Акциски план;
-Подобрување на комуникацијата и соработката со имателите на информации, службени лица и раководните лица на инситутуциите преку развој на ИТ алатки за комуникација, како е-порталот за Имателите, се со цел зголемена и доследна примена на Законот од страна на имателите на информациии;
– Поддршка за поставување Стандарди за транспарентност на централно и локално ниво со поддршка на ИТ алатки за мерење на перформансите, транспарентност и отчетноста на државните институции и имателите на информации во согланост со Законот (член 10 од Законот);
– Поддршка на Агенцијата во започнувањето на нејзината нова обврска за водење на прекршочни постапки за оние иматели на информации кои не постапуваат согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл. весник на РСМ број 101/2019);
– Подигнување на јавната свест за правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер како фундаментално човеково право преку развој и промоција на ИТ алатки, како Е -порталот за Баратели (slobodenpristap.mk). На овој портал се наоѓа Листата на иматели каде барателите можат електронски да достават Барање до имателите на информации.
Очекуваните резултати од реализацијата на оваа компонента главно ќе се фокусираат на зајакнување на институционалниот капацитет на Агенцијата преку промовирање и зајакнување на спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер во Република Северна Македонија. Истото, е планирано да се постигне преку реализација на мноштво активности преку институционална реорганизација и продуцирање на интерни правилници за работа и останати стратешки документи, имплементација на модернизирани ИТ-алатки за подобрен оперативен капацитет на Агенцијата и обезбедување подобрени услуги за барателите и имателите на информации од јавен карактер, подигнување на јавната свест за правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, зголемување на одговорноста и транспарентноста на државните органи, како и зајакнување на капацитетите на имателите на информации да ги почитуваат законските обврски и ЕУ стандардите.
Тендерски повик:
1. Комуникациска стратегија-Кампања за интегритет
- Call for Tenderers for Implementation of Integrity
- Campaign Communication strategy Integrity Campaign_eng
- Communication Strategy Integrity Campaign – mk
Одговорно лице за контакт од проектот:
г-дин Прземислав Мусијалковски, Тим лидер, pkm@protracco-project.mk
г-дин Александар Кашумов, Клучен експерт за слободен пристап до информации од јавен карактер, a.kashumov@protracco-project.mk
г-дин Боро Јакимовски, Клучен експерт за информатички технологии, b.jakimovski@protracco-project.mk
Линк од проектот http://www.protracco-project.mk/
Одговорно лице за контакт од АЗПСПИЈК:
Александра Стојановска, Одделение за меѓународна соработка и проекти, a.stojanovska@aspi.mk
—————————————————————————————–
ЕУ ПРОЕКТИ