TAIEX Работилници

02.04.2021

 

Дводневна работилница на тема: Слободниот пристап до информации од јавен карактер, организирана и финансирана од Инструмент за техничка помош и размена на информации на Европската Комисија во соработка со Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, преку онлајн Видео Конференција која се реализира на 22 и 23 април 2021 година.

 

Целта на работилницата е да обезбеди обука за државните службени лица кои посредуваат со информации од јавен карактер, односно имателите на информации, за тоа како да постапуваат по добиените барања за слободен пристап до информации од јавен карактер, со начинот на примена на тестот на штетност и со исклучоците од Законот. Покрај тоа, целта е да се запознаат со придобивките од користењето на ЗСПСПИЈК за претставниците на невладиниот сектор и медиумите, со демонстрација на најдобрите практики од експерти од европските земји кои ќе го демонстрираат своето долгогодишно искуство во областа на слободен пристап до информациите од јавен карактер преку специфични случаи на кои работеле, како и споделување на нивно лично искуство во врска со придобивките од овој Закон.

 

Говорници:

  1. г-дин Александар Кашумов- Клучен експерт за слободен пристап до информации од јавен карактер на проект финансиран од ИПА2 „ Промовирање на транспарентност и отчетност во јавната администрација“ (ProTracco), Северна Македонија; Раководител на правен тим за програма за пристап до информации, Бугарија;
  2. г-ѓа д-р Анамарија Муса-Вонреден професор на Правниот факултет при Универзитетот во Загреб
  3. г-дин Анже Новак-советник за превенција, Комесар за информации на Република Словенија
  4. г-ѓа Макфирете Морина Сулејмани, помлад соработник во Одделението за управни постапки, Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, Република Северна Македонија
ТАЕКС/TAIEX